Тихомир Костадинов - Гордоста на Спортска гимназија
2020-04-01 10:05:08Македонскиот фудбалски репрезентативец, играчот на словачкиот клуб Ружомберок, поранешен ученик на спортската гимназија ТИХОМИР КОСТАДИНОВ донираше средства и го опреми детското одделени во општата болница во Гевгелија. Со тоа во овие исклучително тешки времиња успеа да нѐ направи многу горди.
Сето ова уште еднаш нѐ потсетува дека спортот придонесува и помага на она што родителите го започнале, тоа е градење на севкупната личност кај децата и дека спортистите се луѓе го огромно срце. Тихо е човек со огромно срце.
„Фудбалер, одличен ученик, неверојатно воспитано и одговорно дете, човек пред сѐ“.- тоа се зборовите кои први и паѓаат на памет на класната на Тихо, која е особено горда на овој ученик и се заблагодарува јавно на неговите родители, затоа што успеале да израснат ваков човек кој нѐ прави горди сите нас.
„ЈЗУ Општа болница- Гевгелија“ јавно му се заблагодари на Тихо за овој несебичен и хуман гест на своите профили на социјалните мрежи, а ние во името на СПОРТСКАТА ГИМНАЗИЈА „М.М.- Брицо„- Скопје му се заблагодаруваме што успеа да биде нашата светла точка и да нѐ направи навистина горди.
Му посакуваме многу успешна кариера на нашиот ученик Тихо, а ние продолжуваме да вложуваме во децата кои се надеваме дека ги следат неговите постапки.
Спортска поддршка од колективот на Спортската гимназија.