Вториот ден од Гимназијадата 2026 во Струмица донесе нови историски успеси за нашето училиште! Со одлична игра, борбеност и тимски дух, нашите ученички освоија две државни титули и уште еднаш покажаа што значи да се биде дел од БРИЦО! 💙🤍
⛹🏻♀️ ЖЕНСКАТА КОШАРКАРСКА ЕКИПА – ДРЖАВЕН ПРВАК
Нашите кошаркарки одиграа фантастичен турнир и заслужено се искачија на тронот на средношколската кошарка.
📌 Полуфинале
ДСУ „М.М. Брицо“ Скопје – СОУ „И. Темо“ Струга 51:39
📌 Финале
ДСУ „М.М. Брицо“ Скопје – СОУ „Ѓ. Петров“ Крива Паланка 48:39
⚽ ЖЕНСКАТА ФУДБАЛСКА ЕКИПА – ДРЖАВЕН ПРВАК
Со доминантна игра и убедливи победи, нашите фудбалерки го освоија шампионскиот пехар без примен гол.
📌 Полуфинале
ДУФК „М.М. Брицо“ Скопје – СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп 5:0
📌 Финале
ДУФК „М.М. Брицо“ Скопје – СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани 5:0
🥇 ДВА СПОРТА – ДВА ПЕХАРИ – ЕДЕН ШАМПИОН!
Големи честитки до нашите ученички за пожртвуваноста, дисциплината и шампионскиот карактер, како и до професорите Тони Станчески, Ана Јакимовска Стричевиќ, Благоја Ниотис и Бруно Дукетис за посветената работа и извонредното водство.
БРИЦО повторно е симбол на успехот во училишниот спорт! 👏💪
#ММБрицо #Гимназијада2026 #ДржавниПрваци #БрицоШампиони #Кошарка #Фудбал #Гордост







