• Logo

    Државно училиште за физичка култура

    Методи Митевски – Брицо - Скопје

     

    Директор

    Директор Љупчо Станковски

    Љупчо Станковски  дипломирал на Факултетот за физичка култура во Скопје во 1993 година.

     Од 2001 година е вработен како професор по стручни предмети во ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ – Скопје ·

    Од декември 2019 е директор на ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ .

    Во периодот од  1996 до 2004 година, работел како тренер по пливање во ПК „Вардар“ од Скопје .

    Од 2007 година е ангажиран како  надворешен соработник на Центарот за стручно образование и обука,  каде што учествува во работни групи за изработка на наставни програми по стручните предмети од Наставниот план за спортска гимназија .

    Во периодот  2010-2014 година, како надворешен соработник во  Центарот за стручно образование и обука, активно учествува во евалуција и унапредување  на Наставниот план за спортска гимназија (пилот проект), како и во неговите  измени и доплнувања.

    Исто така, учествувавал  во работни групи за изработка  на наставните програми за стручните предмети од прва до четврта година согласно измените на Наставниот план.

    Во 2012, година се приклучува во работни групи како надворешен соработник на Бирото за образование и наука  при изработка на Наставни програми од стручните предмети за Спортска академија .

    Во периодот од 2003-2023 година води училишна ракометна екипа , со која освојува седум титули Државен првак во натпреварите во организација на ФУСМАК.

    Плакета „13-ти Ноември“ од Сојузот на спортови на град Скопје, во категорија професор по физичка култура ја добива во 2009 година.

    Како надворешен соработник на Државниот испитен центар бил претседател на комисијата за полагање на стручен испит во периодот  2021-2023.

     

    Корисни линкови