ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ организира хуманитарна акција за собирање храна за социјално загрозени семејства, која ќе се реализира на 7 ноември (петок).
Во периодот од 7:30 до 12:30 часот, на влезот од училиштето ќе биде поставен штанд каде учениците, професорите и сите хумани граѓани ќе можат да донираат прехранбени производи и намирници со подолг рок на траење.
Целта на оваа акција е да се поттикнат солидарноста, хуманоста и чувството за заедништво кај учениците, но и да се помогне на семејствата на кои им е најпотребна поддршка.
Ги повикуваме сите ученици, родители и вработени да се приклучат и заеднички да покажеме дека хуманоста и спортскиот дух одат рака под рака.
Со мал гест можеме да направиме голема промена. 💙
#ДУФКБрицо #ХуманостНаДело #УчимеДаБидемеЛуѓе #ПомошЗаСемејствата







