• Logo

    Државно училиште за физичка култура

    Методи Митевски – Брицо - Скопје

     

    Цели на училиштето

     

    Општи цели:

    - здобивање знаења, умеења и навики;

     

    - развивање на интересите, способностите и творештвото кај младите

     

    - воспитување  на младитe за одговорно лично и   општествено живеење ;

     

    - воспитување за демократичност, толерантност, конструктивност, креативност, трпеливости меѓусебно разбирање;

     

    - оспособување за вклучување на работа,односно за продолжување на образованието;

     

    - развивање свест за чување на здравјето,заштита на природата и човековата средина;

     

    - поттикнување и забрзување наразвојот на посебните интересии способности кај младите;

     

    - подготвеност задоживотно учење.

     

    Посебни цели:

    - опремување на училиштето со современи наставни средства;

     

    - подобрување на квалитетот на наставата преку воведување современи наставни методи, форми на работа и наставни средства;

     

    - зголемување на степенотна мотивираности одговорност кај учениците за сопствениот напредок;

     

    - активна улога на учениците во наставата;

     

    - зголемување на нивото на компетентностна наставниците за успешна комуникација со учениците;

     

    - подобри интерперсонални односи;

     

    - подобра соработка со родителите;

     

    - подобрување на редовноста на наставниците и учениците.

     

    Развојни цели

    - поголема соработка со социјалните партнери;

     

    - употреба на компјутерската опрема во училиштето;

     

    - учество на  сите спортски натпревари во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, како и во сите спортски манифестации во организација на Агенцијата за млади и спорт, Градот Скопје, Спортските федерации и МОК

     

    - доопремување на училниците и кабинетите со мебел

     

    - зголемена соработка меѓу активите во наставните и воннаставните активности;

     

    - зголемена комуникација и соработка со родителите итн.

     

    За реализација на целите потребно е:

     

    - надминување на традиционалната настава;

     

    - навремена и потполна информираност;

     

    - постојана комуникација со МОН , Центарот за стручно образование и обука и Бирото за развој на образованието.

     

    - партиципативно одлучување;

     

    - тимска работа;

     

    - ефективно водење состаноци;

     

    - заемно почитувае и доверба;

     

    - отворена комуникација;

     

    - водење грижа и одржување на опремата;

     

    - особено залагање на наставниците за примена на современите начини на образование;

     

    - обуки на наставниците.

     

    Корисни линкови