Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Англиски, Материјал за учење на ученици од професор Јоланда Попоска

2020-03-21 18:54:58



Драги ученици,

Подолу ќе имате линк кој ќе ве однесе до мојот блог. Таму ќе видите неколку категории, наречени CARDS  кои се однесуваат на различни задачи. Одберете една карта, кликнете на неа и во описот ќе видите што треба да правите. Како за почеток, ви предлагам да ги совладате и исполните задачите од секоја карта, без посебен редослед, во рок од две недели. На блогот има и опција да коментирате, но за тоа ќе ми бидат потребни вашите мејлови. Би сакала да можам сите да ве ставам како членови на блогот за да можеме да комуницираме поуспешно. Завршените задачи можете да ги испратите на мојот меил jolanda.poposka@gmail.com или преку фејсбук. Истотака на овој меил испратете ми ги вашите маилови за да ве регистрирам на блогот. Ако имате некои прашања, слободно контактирајте ме. И за мене е сето ова ново, но заедно можеме да го пребродиме и да го направиме и корисно и интересно. Како што ќе оди работава, така ќе додадам нови карти на блогот според години и ќе можете таму директно да ги ставате завршените задачи. Како што ќе видите, задачите се исти за сите ученици независно од годината, а вие ќе ги решавате и исполнувате според вашето ниво на знаење. Учете заради себе.

Линкот до блогот е следниов: https://trello.com/b/suELPOpk/itisoktothink

 Дајте сѐ од себе!

Чувајте се и чувајте ги оние што ги сакате! 

Со почит,

проф. Јоланда

 

 

 

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner