Мисија на училиштето
2014-11-03 03:03:15СО СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ВО БОРБА ПРОТИВ ОПШТЕСТВЕНИТЕ ЗЛА
Мисија на ДУФК "Методи Митевски-Брицо" е да ја поттикнува и развива способноста кај младата личност за негување на здравиот дух во здраво тело, да го афирмира спортот и рекреацијата меѓу младите во државата како најдобар начин на превенција и борба против сите зла што денес и се закануваат на младата личност (дрога, алкохол, пушење, коцка, седативи, малолетничка деликвенција).
Сите заложби на училиштето ќе бидат во насока на спојување на интелектуалните, когнитивните, емоционалните и творечки потенцијали на поединецот со неговиот правилен психофизички развој, создавање на здрава личност подготвена да се максимално ангажирање во усвојувањето на квалитетни, трајни и применливи знаења, со помош на наставни методи и техники кои се во склад со современите научно-технолошки текови;
Училиштето пред себе има задача да обезбедува работна клима во која има позитивни емоционални односи и комуникација, меѓусебна доверба, почитување, кооперативност и разбирање на потребите на единката. ДУФК "Методи Митевски-Брицо" обезбедува клима во државата за развој на спортот и рекрецијата како интегрален дел на животот на личноста од најраната возраст , па до староста, разбирајќи го при тоа спортот како најсилен амбасадор на мирот во светот, а истовремено и како неразделен дел од здравиот општествен живот. Во својата мисија училиштето ќе се грижи за развивање на силна внатрешна мотивација, натпреварувачки дух, иницијативност, иновативност, креативност, и визионерство.