Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Англиски, Материјал за учење на ученици од професор Јана Миладинова за класовите Iб Iв Iг I недела

2020-03-22 11:20:06



МАТЕРИЈАЛИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ПРВА ГОДИНА (1-Б, 1-В и 1-Г) 

-23.03.2020-25.03.2020-

Добар ден, се надевам сите сте добро. Продолжуваме со учење и со материјалот од вашите книги, на малку поинаков начин. 

Во прилог ви испраќам материјали кои треба да се СОВЛАДААТ во период од 23 до 27 март 2020 година!

Секоја недела ќе ви испраќам нови материјали. За било каков проблем во врска со совладувањето на материјалот, пишете ми преку електронска пошта: janamiladinova@gmail.com 

Доколку не добијам порака во врска со работите кои не ви се јасни или ви се помалку јасни, јас ќе сметам дека се е во ред и ќе го сметам материјалот за СОВЛАДАН. 

По потреба, ви стојам на располагање да одржиме онлајн час преку платформата ZOOM.

Во врска со текстовите кои ќе ги наведам дека треба да се обработат, ги работите по истиот принцип како што го правевме тоа заедно на час. 

1. Читање

2. Пронаоѓање на нови и нејасни зборови/фрази

3. Разбирање

4. Одговарање на прашања/Решавање на вежби

Преку електронската пошта ми пишувате во врска со нејасните зборови, граматичкиот дел и МИ ЈА ПРАЌАТЕ ДОМАШНАТА (доколку ви е зададена за таа недела). Исто така убаво е да ме информирате како напредувате, индивидуално или во име целиот клас.

Вежбите од учебниот се подразбира дека ги работите, а јас дополнително ви давам онлајн вежби, тие не мора да ги преработувате во тетратка. Можете директно на компјутер/телефон.

 

Ви благодарам однапред за соработката, 

проф. Јана Миладинова

 

ЛИНК

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner