Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Известување за предметот спортски менаџмент од професорот Горки Кондовски

2020-03-25 10:06:26



Запознавање на учениците со новонастанатата ситуација и како во иднина ќе се реализира наставата по изборниот предмет Спортски менаџмент во учебната 2019/2020 година
Предметен професор: Горки Кондовски
    Драги ученици од цела трета година (класовите III-A, III-Б, III-В и III-Г клас) во Спортската Гимназија Д.У.Ф.К.„Методи Митевски – Брицо“ од Скопје.
Наставата по изборниот предмет Спортски менаџмет со новонастанатата моменталната ситуација во ова време-невреме и со појавата на опасниот вирус ќе се изведува според препораките на владата и МОН. Затоа ќе пробаме на друг начин по електронски пат да ја изреализираме целата оваа програма што преостанува од учебната 2019/2020 година, за да добиеме една позитивна оцена и да ја завршиме успешно учебна 2019/2020 година и живи и здрави да преминеме во следната учебна 2020/2021 година. Ќе пробаме некако да ви ги доловиме и споделиме наставните единици и лекциите кои треба да ги изучувате во останатиот дел од наставната година со ваков тип на настава, односно по електронски пат да ги осознаете и совладате темите и лекциите кои треба да ги работиме во завршниот дел од наставната учебна 2019/2020 година.
Бидејќи ситуацијата ни налага друг тип на настава, во следниот период ние професорите ќе се потрудиме да ви ги пренесеме нашите знаења, од наставната програма што следува до завршување на вонредната состојба, а истовремено ќе бараме од вас учениците да учествувате во целокупната новосоздадена ситуација и заедно да формираме една ситуација која ќе биде поволна и успешна за завршување на учебната 2019/2020 година. Во следниот период од мене ќе добивате текс и линкови со клипови и видеа и слични вакви електронски интерактивни помошни податоци од изборниот предмет Спортски менаџмент, од следните теми за обработка во оваа наставна програма. Ќе ве замолам сите заедно да бидете колку што е можно активни и вклучени со новата платформа на наставата преку електронско комуницирање и електронска размена на податоци што на вас како генерација нема да ви преставува проблем, бидејќи вие сте генерациите на напредната и модерната технологија. Немојте да ни замерувате во овој дел, доколку направиме било каков пропуст. затоа што исто како и на вас, така и за нас ова е нешто ново, што допрва го осознаваме и со вас заедно го проучуваме и моментално истражуваме кои опции се најдобри за вас. Некој ученици веќе се оценети за второто тромесечие, а оние кои не се, ќе изнајдеме начин да ги оцениме. Доколку имате некој предлог или било какво прашање во врска со новиот тип настава, слободно обратете се на мојот месинџер Горки Кондовски или на емаил адресите gorki_kondovski@yahoo.com или kondovskigorki@yahoo.com   
Бидете ми живи и здрави, мили и весели !
Вашиот предметен професор: Горки Кондовски

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner