Известување за предметот гимнастика од професорот Горки Кондовски
2020-03-25 10:07:19Запознавање на учениците со новонастанатата ситуација и како во иднина ќе се реализира наставата по предметот Гимнастика во учебната 2019/2020 год.
Предметен професор: Горки Кондовски
Драги матуранти од IV година (поточно IV-A, IVБ и IV-В клас) во Спортската Гимназија Д.У.Ф.К.„Методи Митевски – Брицо“ од Скопје.
Наставата по предметот Гимнастика се изведува во спортска гимнастичка сала со сите спортски реквизити и помагала. Новонастанатата моменталната ситуација во ова време-невреме со појавата на опасниот вирус, не ни го овозможува тоа. Затоа со препораките на владата и МОН ќе пробаме на друг начин по електронски пат да ја изреализираме целата оваа програма што преостанува од учебната 2019/2020 година, за да добиеме една позитивна оцена, да ја завршиме успешно учебна 2019/2020 година и живи и здрави да матурирате и успешно да го завршите средното образование. Ќе пробаме некако да ви ги доловиме и споделиме елементите кои треба да ги изучувате во останатиот дел од наставната година на ваков неспецифичен начин за овој тип на практична настава, за наставата по предметот Гимнастика, односно по електронски пат да ги осознаете елементите од темата која ја работиме во завршниот дел од наставната учебна 2019/2020 година.
Најпрво да истакнеме и да повториме дека суштината во наставата по предметот Гимнастика во четврта година во Спортската Гимназија не е да станеме врвни гимнастичари, но целта на наставата е да се совладаат односно усвојат елементите на справи кој ги изучуваме во оваа учебна година и да успееме да ги изведеме на најдобар можен начин. Бидејќи ситуацијата ни налага друг тип на настава, во следниот период ние професорите ќе се потрудиме да ви ги пренесеме нашите знаења, од наставната програма што следува до завршување на вонредната состојба, а истовремено ќе бараме од вас да учествувате во целокупната новосоздадена ситуација и заедно да формираме една ситуација која ќе биде поволна и успешна за завршување на учебната 2019/2020 година. Во следниот период од мене ќе добивате текс и линкови со клипови и видеа и слични вакви електронски интерактивни помошни податоци од елементите на гимнастичките справи, од следните теми за обработка во оваа наставна програма. Ќе ве замолам сите заедно да бидете колку што е можно активни и вклучени со новата платформа на наставата преку електронско комуницирање и електронска размена на податоци, што на вас како генерација нема да ви преставува проблем, бидејќи вие сте генерациите на напредната и модерната технологија Немојте да ни замерувате во овој дел, доколку направиме било каков пропуст. затоа што исто како и на вас така и за нас ова е нешто ново, што допрва го осознаваме и со вас заедно го проучуваме и моментално истражуваме кои опции се најдобри за вас. Некој ученици веќе се оценети за второто тромесечие, а оние кои не се ќе најдеме начин да ги оцениме. Доколку имате некој предлог или било какво прашање во врска со новиот тип настава слободно обратете се на мојот месинџер проф Горки Кондовски или на емаил адресите gorki_kondovski@yahoo.com, kondovskigorki@yahoo.com.
Бидете ми живи и здрави, мили и весели !
Вашиот предметен професор: Горки Кондовски