Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Известување за предметот спорт и спортски активности за класовите I-в I-г од професорот Горки Кондовски

2020-03-25 10:09:30



Запознавање на учениците со новонастанатата ситуација и како во иднина ќе се реализира наставата по предметот Спорт и спортски активности во учебната 2019/2020 година
Предметен професор: Горки Кондовски
    Драги ученици од првата година (поточно I-В и I-Г клас) во Спортската Гимназија Д.У.Ф.К.„Методи Митевски – Брицо“ од Скопје.
Наставата по спорт и спортски активности се изведува во спортска сала со сите спортски реквизити и помагала. Новонастанатата моменталната ситуација во ова време-невреме со појавата на опасниот вирус не ни го овозможува тоа. Затоа со препораките на владата и МОН ќе пробаме на друг начин по електронски пат да ја изреализираме целата оваа програма што преостанува од учебната 2019/2020 година, за да добиеме една позитивна оцена и да ја завршиме успешно учебна 2019/2020 година и живи и здрави да преминеме во следната учебна 2020/2021 година. Ќе пробаме некако да ви ги доловиме и споделиме елементите кои треба да ги изучувате во останатиот дел од наставната година на ваков неспецифичен начин за овој тип на практична настава, за наставата по спорт и спортски активности, односно по електронски пат да ги осознаете елементите од темата која ја работиме во завршниот дел од наставната учебна 2019/2020 година.
Најпрво да истакнеме и да повториме дека суштината во наставата по спорт и спортски активности во прва година во Спортската Гимназија не е да станеме врвни спортисти, но целта на наставата е да се совладаат односно усвојат елементите од спортот кој ги изучуваме во оваа учебна година и да успееме да ги изведеме на најдобар можен начин. Бидејќи ситуацијата ни налага друг тип на настава, во следниот период ние професорите ќе се потрудиме да ви ги пренесеме нашите знаења, од наставната програма што следува до завршување на вонредната состојба, а истовремено ќе бараме од вас да учествувате во целокупната новосоздадена ситуација и заедно да формираме една ситуација која ќе биде поволна и успешна за завршување на учебната 2019/2020 година. Во следниот период од мене ќе добивате текс и линкови со клипови и видеа и слични вакви електронски интерактивни помошни податоци од Одбојката и Атлетиката кои се следните теми за обработка во оваа наставна програма. Ќе ве замолам сите заедно да бидете колку што е можно активни и вклучени со новата платформа на наставата преку електронско комуницирање и електронска размена на податоци, што на вас како генерација нема да ви преставува проблем, бидејќи вие сте генерациите на напредната и модерната технологија Немојте да ни замерувате во овој дел, доколку направиме било каков пропуст. затоа што исто како и на вас така и за нас ова е нешто ново, што допрва го осознаваме и со вас заедно го проучуваме и моментално истражуваме кои опции се најдобри за вас. Некој ученици веќе се оценети за второто тромесечие, а оние кои не се ќе најдеме начин да ги оцениме. Доколку имате некој предлог или било какво прашање во врска со новиот тип настава слободно обратете се на мојот месинџер Горки Кондовски или на емаил адресите gorki_kondovski@yahoo.com, kondovskigorki@yahoo.com   
Бидете ми живи и здрави, мили и весели !
Вашиот предметен професор: Горки Кондовски

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner