Спорт и спортски активности тема Одбојка, Игра со примена на изучените елементи проф.Горки Кондовски I-В и I-Г
2020-04-03 10:58:09Професор: Горки Кондовски
Паралелки: I-В и I-Г
Наставна тема; Одбојка, Игра со примена на изучените елементи
Оние ученици кои немаат добиено оценка за оваа тема за тромесечие, ќе ги објавам сега моментално на овој список од прва година. Истите ќе треба да го прочитаат текстот и да формираат презентација во Microsoft Power Point во вид на презентација од најмалце 10 слајдови. Презенацијата можете да ми ја пратите на ФБ-месинџер Горки Кондовски или на мојата емаил адреса gorki_kondovski@yahoo.com. Доколку нејќете да составите презентација за оваа тема имате уште една опција, онлајн да одговарате на истиот материјал за да добиете оцена. Оние ученици кои решиле онлајн да одговараат и да добијат оцена нека се изјаснат најдоцна до Понеделник 06.10.2020 година, за да можеме да им приготвиме прашања и да се договориме за датата и времето на усмената онлајн презентација. Ова важи за овие ученици кои недобија оцена и оние кои добиле а сакаат да ја поправат, а тоа имаат рок да го изработат најдоцна до Петок 10.04.2020 година. Во прилог подоле се учениците кои немаат оцена за ова тромесечие од двата класа каде што предавам за темата Одбојка и во форма на слики, текст и корисни линкови ви го предавам материјалот за учење за ова тромесечие, што може да ви помогне во изработката на презентацијата. Презентацијата да биде од одбојката нешто во стилот како пр.Тема за презентација 1.игра во одбојката, 2.вежби за загревање кои се применуваат во одбојката, 3.методика на обучување на елементи-односно вежби како се изучува некој елемент кои досега сме го изучиле, 4. Било каква идеја имате во врска со одбојката од материјалот што досега сме го изучувале во сала и електронски. Исто така подоле во текстот се напишани елементите кои сме ги изучувале во сала и кои можат да ви послужат за презентацијата.
За да ги симнете потребните материјали кликнете на линкот доле.