Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Македонски јазик и литература, Прашања од професор Гордана Андоновска за класот II-а

2020-04-23 23:22:52



Почитувани ученици одговорете ги следниве прашања и пратете ги на :

gandonovska28@gmail.com до 29.04 2020г

 

1.Внесете го соодветниот предлог: без,во,врз,до,за,кај,кон,по,меѓу,сред,со,пред место

 

------------ветер зборува- никој  не го слуша.

 

------------волја работи.

 

------------повод патрониот празник,ќе има мала свеченост

 

Се степаа---------себе.

 

Плоштадот е -----------градот.

 

2.Подвлечете ги сврзниците во речениците:

 

Горан пишува,а Ана црта.

 

Ќе дојдеш или да дојдам јас?

 

Ниту јаде,ниту пие од жал.

 

Жал ни е што не дојде со нас.

 

Ако научиш,ќе положиш.

 

3.Подвлечете ги честичките во речениците:

 

Само ти го знаеш одговорот.

 

Баш ти ми требаш.

 

Токму тоа го сакам.

 

4.Во речениците: Леле,ме попари ! Еј,другар,наваму е патот! зборовите леле и еј претставуваат-------------.

 

5.Подвлечете ги модалните зборови во речениците :

 

Тој,сигурно,веќе пристигал во Охрид.

 

На крајот на краиштата вистината ќе излезе на виделина

 

6.Кој е првиот печатен текст на Доситеј Обрадовиќ?

 

7.Доситеј Обрадовиќ се залагал книгите да се пишуваат на

 

а старословенски   б народен   в рускословенски јазик

 

8. Според содржината Гуливеровите патувања е историски,фантастично-реалистичен или хумористичен роман

 

9.Романот Робинсон Крусо е уметничко сведоштво за -----------------------------

 

 

 

 

 

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner