Македонски јазик и литература, Прашања од професор Гордана Андоновска за класoвите III-а III-в
2020-04-23 23:25:13Почитувани ученици одговорете ги следниве прашања и пратете ги на gandonovska28@gmail.com do 29.04.2020г
1.Подвлечете ја зависната дел- реченица во Сите отидоа на плажата штом изгреа сонцето.
2.Сврзникот во зависносложените реченици секогаш оди со ---------- реченица.
3.Определете го видот на зависносложените реченици:
Кoга одмораше,размислуваше за настанот.
Вчера многу трчав,така што ме болат мускулите.
Слушавме како пеат птиците.
Ако ја напишеш домашната,ќе одиме во парк.
Не трчајте веќе затоа што сте испотени.
Таа одеше полека за да не ги разбуди домашните.
4.Кои зависносложени реченици одат со сврзниците: како,како што,колку што,како да?
5. Ставете запирка во речениците:
Кога ќе дојде ќе го пречекаме со слатко и вода.
Дури и да е така ти ништо не ќе измениш.
Аритон не се јави иако бевме договорени