Државно училиште за физичка култура
Методи Митевски – Брицо - Скопје

Материјали за совладување по предметот Англиски јазик за класовите 1б, 1в и 1г проф.Јана Миладинова

2020-04-27 20:22:56



Материјали за совладување по предметот Англиски јазик  за класовите 1б, 1в и 1г

Наставните содржини ги совладувате сами со помош на линковите кои ви ги праќам и со помош на учебникот. Вежбите НЕ МИ ГИ ПРАЌАТЕ, туку ГИ СТАВАТЕ ВО ПАПКАТА (електронска) по англиски јазик и се подразбира дека ги знаете кога ќе ве прашам.
Доколку има нешто што не ви е јасно или ви е потешко за совладување, оваа недела пишете ми на мојот мејл и ќе ви објаснам или ќе се вклучиме на
ZOOM за да ви објаснам.

Овој пат ќе имате усно испрашување преку платформата ZOOM, почнувајќи од следната недела. Бидејќи минатиот пат повеќето ученици го злоупотребија тестот, поради самата ситуација ги ставив оценките кои ги добија, иако знам дека не ја заслужуваат ни на сон! Најучтиво ве замолувам да не се повтори истото, затоа што ќе има последици како што би требало да има во нормални услови.

Термини за повторување на ZOOM:
1б- 05.05.2020 вторник 14ч
1в- 06.05.2020 среда 14ч
1г- 07.05.2020 четврток 14ч
ID code: 317-727-9658 (НЕМА ПАСВОРД)
Присуството е задолжително.

*Читање и разбирање: стр. 122, 123-Music to my ears- вежби Ц и Д
*Зборови: стр. 124- вежби: А, Б, Ц
                  стр. 128- вежби: А, Б, Ц
*Граматика: Прекажан говор
“Reported speech”- Се употребува кога не сме биле сведоци на некое дејство, но сакаме да го прекажеме истото.Секое граматичко време се враќа едно време наназад, на пример ако реченицата е во Present Simple во прекажан говор ќе е во PastSimple. Се прекажува со зборовите SAID и TOLD. SAID се користи кога немаме предмет во реченицата, односно немаме лице, не знаеме на кого е кажано. Додека, TOLD се користи кога знаеме кому му е прекажано дејството.
E.g.
She plays the guitar. – Anna (директен говор)
Anna said that she played the guitar.
(прекажан говор)
Anna told ME that she played the guitar.
(прекажан говор)
Освен глаголите што се враќаат едно време наназад и други специфични временски изрази се менуваат во прекажаниот говор. На пример:
this-those; these-those; now-then; yesterday- the day before, the previous day; tomorrow- the next/following day; ago-before; here- there.
Direct Speech → Peter: “I worked in the garden yesterday.”

Reported Speech → Peter said (that) he had worked in the garden the day before.
стр. 125, вежби: А, Б, Ц, Д
стр. 129, вежби: А, Б, Ц, Д
+ на стр. 170, 171 имате објаснување

*Повторување: стр. 133 вежби: А, Б, Ц
                              стр. 134 вежба Б

Оценувањето ќе биде усно, секој поединечно ќе добие 5 прашања. Според бројот на одговорени прашања ќе формираме оцена. 1 прашање=1, 2 прашања=2 итн.

Teacher Јана

Корисни линкови

AMS
eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner