Известување за пријавување на испити на годината во јунската испитна сесија
2020-06-10 14:31:23ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ НА ГОДИНА ВО ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА,2020 ГОДИНА
1. Пријавување на испити на годината за јунска испитна сесија ќе се врши на 11 јуни 2020 година.
2. Пријавувањето на испитите ќе се врши по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ на следната e-mail адреса: sportska_gimnazija@yahoo.com со задолжителна назнака во Subject: ,,За пријавување на ИСПИТИ НА ГОДИНА”.
3. Кандидатите кои ќе пријавуваат испити се должни од web странатана училиштето каде што има прикачено ПРИЈАВА(МОЛБА) и ЗАПИСНИК за полагање на испити на годината да ги пополнат и да ги достават на горенаведената e-mail адреса.Задолжително да се остави и контакт телефон.
4. Кандидатите кои ќе пријавуваат испити на годината се должни да пополнат ЗАПИСНИК за секој испит поединечно.
5. Полагањето на испитите ќе се врши по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ за што дополнително ќе бидете известени.
Молба за полагање испити на годината
Записник за испит
В.д Директор,
Љупчо Станковски