ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ
2020-10-15 09:20:461. Пријавување на вонредните испити се врши од 1-ви до 10-тиво тековниот месец .
2. Пријавувањето на вонредните испити се врши по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ на следната e-mail адреса: sportska_gimnazija@yahoo.com со задолжителна назнака во Subject: ,,За пријавување на вонредни испити”.
3. Кандидатите кои ќе пријавуваат вонредни испити се должни од web страната на училиштето каде што има прикачено ПРИЈАВА(МОЛБА) и ЗАПИСНИК за полагање на вонредни испити да ги пополнат и да ги достават на горенаведената e-mail адреса. Задолжително да се остави и контакт телефон.
4. Кандидатите кои ќе пријавуваат вонредни испити се должни да пополнат ЗАПИСНИК за секој вонреден испит поединечно.
5. Кандидатите кои ќе пријават вонредни испити се должни да извршат уплата на соодветен паричен надоместок за полагање на вонредни испити и уплата за административна такса НАЈДОЦНА ДО 10-ти во тековниот месец (на маил истите да бидат пратени скенирани), а да бидат предадени кај одговорното лице за водење на вонредни испити .
6. Полагањето на вонредните испити ќе се врши по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ за што дополнително ќе бидете известени и по распоред што дополнително ќе се објави.
Записник за испит
Молба за полагање вонредни испити
В.д Директор,
Љупчо Станковски